Филаделфија славеше против Шарлот со 108-98, Кливленд го победи Милвоки со 124-101 и Оклахома триумфираше против Мајами со 104-97 во трите синоќешни натпревари во НБА лигата.
Кливленд запиша лесна победа против Милвоки, наспроти одличниот Јанис Адетокумбо кој за поразениот тим постигна 33 поени дополнети и со 14 скокови. Најефикасен во победничкиот тим беше Мичел со 27 поени.
Џоел Ембид беше извонреден кај Филаделфија со 34 поени, пет скокови и девет асистенции, додека кај Шарлот се издвои Василије Мичиќ со 20 поени и четири асистенции.
Оклахома предводена од Џејлен Вилијамс го победи Мајами со 104-97. Вилијамс мечот го заврши со 33 поени, шест скока и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА