Баерн Минхен ја откажа синоќешната „Божиќна прослава“ заедно со навивачите, која требаше да се одржи на стадионот во Минхен по победата над Лајпциг.
Баварскиот тим сочувствувајќи со семејствата на жртвите, како и оние повредените во терористичкиот напад во Магдебург, одлучи да ја откаже традиционалната прослава.
Директорот на клубот, Јан Кристијан Дрисен се обрати до присутните на стадионот информирајќи дека прославата е откажана.
„Можеби веќе сте слушнале или прочитале, имаше страшен напад во Магдебург за време на божиќен базар. Поради тоа прославата е откажана и ќе ве замолам сите да станете“ – информираше Дрисен.
Досега е познато дека во нападот во Магдебург пет лица го загубиле животот, а повеќе од 200 се повредени.
«Silent Night, Holy Night». L’omaggio dell’Allianz Arena alle vittime dell’attentato di #Magdeburg, al termine della partita tra Bayern Monaco e Lipsia. pic.twitter.com/5jiDcVQlIB
— Marco Fattorini (@MarcoFattorini) December 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА