Штутгарт и Ајнтрахт шокирани дома

Последното коло во Бундес-лигата за оваа календарска година донесе неочекувани резултати, откако Штутгарт и Ајнтрахт претрпеа неочекувани порази на домашен терен.

Сент Паули за првпат во својата историја како гостин го совлада Штутгарт, славејќи со 0-1 со голот што го постигна Егештајн во 21. минута. Истиот фудбалер во второто полувреме промаши и пенал, гостите беа опасни од контранапад промашувајќи уште две стопроцентни шанси, но на крајот сепак стигнаа до трите бода на овој натпревар.

Шокирани на домашен терен беа и фудбалерите на Ајнтрахт, кои загубија од Мајнц со 1-3. Гостите поведоа со смешниот автогол на Сантош, интересно е што при 0-1 останаа со фудбалер помалку, но и по црвениот картон на Амири дадоа два гола преку Нибел, за на крајот заслужен да стигнат до цел плен.

Резултати Германија:

Ајнтрахт – Мајнц 1-3, Штутгарт – Сент Паули 0-1, Холштен Кил – Аугсбург 4-1, Вердер – Ун. Берлин 3-1, Хофенхајм – Борусија М. 1-2.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...