Јувентус ќе биде ослабен за утрешното гостување против Монца, потврди денеска тренерот Тијаго Мота, истакнувајќи дека шест фудбалери на „старата дама“ нема да можат да се вратат најмалку до крајот на оваа календарска година.
Одбраната претставува огромен проблем бидејќи Бремер и Кабал предвреме ја завршија сезоната, повреден подолго време е и Милик, а на листата отсутни против Монца се уште и Веа, Камбијасо и Даглас Луиз.
„Можеби Даглас ќе можеше да одигра некои минути, но не сакаме да ризикуваме состојбата да му се влоши и повторно да паузира на подолг период. Ќе играат само оние кои се максимално подготвени за такво нешто, ќе бидеме без шестмина, но верувам дека можеме до победата“, изјави Мота.
Јувентус моментно се наоѓа на 6. место на табелата со 28 освоени бода, девет помалку од водчката Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

