Њукасл имаше лесен тренинг во Ипсвич, нема шега со Нотингем Форест

Њукасл влегува во посакуваниот ритам, па тимот на Еди Хау втор премиерлигашки меч во низа успеа да триумфира со идентични 4-0, овојпат на гостувањето против Ипсвич.

Овој дуел се покажа само како полесен тренинг за гостинскиот тим, пред се благодарение на одличниот Александер Исак кој постигна три погодоци за својата екипа, а еднаш мрежата на Ипсвич ја затресе Марфи.

Нотингем се искачи на третото место на табелата (во пресрет на вечерашниот дуел на Арсенал) откако „шумарите“ како гости славеа против Брентфорд со 0-2. Аина го отвори резултатот во 38. минута, а на почетокот од второто полувреме прецизен беше и Еланга.

Натпреварот меѓу Вест Хем и Брајтон заврши без победник, гостите први поведоа преку Вајфер во 51. минута, а израмнувачкиот гол за „чеканите“ го постигна Кудус.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...