Арсенал има предност од 1-3 на полувреме од гостувањето против Кристал Палас, но позитивата е скапо платена ако се земе во предвид повредата на Букајо Сака.
Најдобриот фудбалер на „топчиите“ се повреди без контакт, при обид за центаршут, по што веднаш се упати кон соблекувалната. Првите прогнози не се позитивни, па се очекува Сака да паузира најмалку на следниот дуел со Ипсвич на домашен терен, како и на гостувањата против Брентфорд и Брајтон на почетокот од јануари.
Во таборот на „топчиите“ се надеваат дека крилниот офанзивец би можел да се врати за големото лондонско дерби во кое Арсенал ќе го пречека Тотенхем на 15 јануари.
Bukayo Saka is withdrawn after 24 minutes with a muscle injury 😳#CRYARSpic.twitter.com/Re3zjBaIZU
— Football Report (@FootballReprt) December 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА