Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја искористи прес-конференцијата пред куп-дуелот со Ленс за да се осврне и на хорор повредата што голманот Џиџи Донарума ја заработи на последното дерби со Монако.
Италијанскиот голман мораше веднаш да го напушти теренот откако беше удрен со копачка во лицето, уште во соблекувалната тој мораше да биде шиен од клупските лекари, но Енрике потенцираше дека Донарума имал и многу среќа, бидејќи повредите можеле да бидат и многу, многу посериозни.
„Тој е добар и тоа е најважно, не чувствува никаква болка. Знам дека изгледаше страшно, но нема да има никакви последици за во иднина. Сите ја видовме снимката, нема потреба од дополнителни коментари, само ќе кажам дека Донарума имаше многу среќа бидејќи ако беше удрен во окото, а решаваа сантиметри, ситуацијата можеше да биде многу пострашна, многу посериозна“, изјави стратегот на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА