Наполи славеше со 1-2 на гостувањето против Џенова нанесувајќи му го првиот пораз на Патрик Виеира на клупата на овој тим, но Антонио Конте јасно стави до знаење дека не е задоволен од изданието на својот тим, без оглед на конечниот исход со кој „наполитанците“ се искачија на првото место на табелата.
Тој ги критикуваше фудбалерите на Наполи за големиот пад во второто полувреме, во кое дозволија противникот да постигне гол, а потоа и да доминира, по што само одличното издание на голманот Мерет овозможи „наполитанците“ да се радуваат на крајот.
„Бев презадоволен од првото полувреме, но добро го познавам овој стадион, знам како еден потег може да ја разбуди публиката и се да се промени. Им го кажав тоа на играчите, ги предупредив дека мора да продолжат во ист стил, да притискаат, да напаѓаат. Се што им кажав, тие го сторија спротивното, дозволија да примиме гол и потоа до 95. минута да стравуваме дали ќе победиме. Ако сакаш да си сериозен тим со највисоки амбиции, мораш да бидеш фокусиран од првата до последната минута. Не сакам моите тимови да се бранат така што ќе седат во својата половина и ќе чекаат противникот да дојде до нив, мораат да напаѓаат, да ја бркаат топката, тоа е единствениот правилен начин“, изјави Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА