Лацио останува во трката за највисок пласман во Серија А откако римскиот клуб успеа да слави на гостувањето против Лече со 1-2, оставајќи го експресно зад себе разочарувачкиот пораз од Интер од 0-6 во минатото коло од Калчо-лигата.
„Лацијалите“ долго се мачеа да го скршат отпорот на домашниот тим, за конечно да успеат во финишот од првото полувреме, кога Гилберт играше со рака пред самата гол-линија и доби заслужен црвен картон, по што Кастелјанос од пенал ги доведе гостите во водство. Се очекуваше Лацио со играч повеќе рутински да ја задржи предноста, но Лече изненади израмнувајќи на 1-1 со играч помалку, со погодокот на Моренте во 50. минута.
Очекувано, гостите тргнаа во офанзива, се мачеа да создадат шанси, но на крајот успеаја да стигнат до победнички гол, со ремек-делото на Марушиќ во 87. минута од овој интересен натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА