Фјури: Судиите му дадоа божиќен подарок на Усик

Со едногласна одлука на судиите по 12 рунди, Олександр Усик го победи Тајсон Фјури во долгонајавуваниот реванш на двајцата најдобри боксери во тешка категорија.

По мечот во Ријад, Украинецот се уште е непоразен и ги одбрани шампионските титули на ВБА, ВБО и ИБО во тешка категорија.

Сите тројца судии со сооднос 116-112 гласаа во корист на 37-годишниот Усик, а Фјури се смета за оштетен поради таквата одлука.

„Ви се колнам, мислев дека сум победник и дека разликата е три рунди во моја корист. Бев сигурен дека славам, цело време бев пред него. Еве што се случува кога нема нокаути. Судиите му дадоа божиќен подарок на Усик“, изјави Фјури. 

Се вчитува...