Барцокас со зборови на поддршка за Матијас Лесор

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, испрати порака со поддршка до центарот на Панатинаикос, Матијас Лесор.

Кошаркарите на Панатинаикос без поголеми проблеми ја совладаа Басконија во 17. коло од Евролигата, а на таа средба страшна повреда заработи центарот на ПАО Матијас Лесор.

По мечот меѓу Олимпијакос и Алба, каде црвено-белите победија по драма, Јоргос Барцокас им се обрати на медиумите и испрати порака за поддршка на Матијас Лесор, центарот на најголемиот ривал.

„Му посакувам се најдобро на Матиас Лесор, да се врати уште посилен бидејќи тоа е нешто што ги повредува сите вклучени во овој спорт“, рече Барцокас.

Се вчитува...