Македонскиот фудбал почнува нова епоха под водство на Масар Омерагиќ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската федерација на Македонија доби нов претседател откако денеска на вонредното изборно собрание таа почест ја доби Масар Омерагиќ.

Како единствен кандидат на денешното Собрание, Омерагиќ ја доби довербата од сите присутни делегати со акламација. На собранието беа присутни и легендите на македонскиот фудбал, Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов, Артим Шаќири кои ќе бидат вклучени во структурите на ФФМ во иднина.

Пред почетокот на официјалниот дел на Собранието се обратија поранешниот претседател Муамед Сејдини, претставниците од УЕФА и ФИФА, и изразија надеж дека фудбалот во Македонија ќе продолжи да се развива. Претставниците од УЕФА и од ФИФА го честитаа првото место во Лигата на Нации на репрезентацијата, и изразија надеж на уште позасилена инфраструктура за развој на фудбалот.

 

 

Се вчитува...