Фудбалската федерација на Македонија доби нов претседател откако денеска на вонредното изборно собрание таа почест ја доби Масар Омерагиќ.
На собранието беа присутни и легендите на македонскиот фудбал, Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов, Артим Шаќири кои ќе бидат вклучени во структурите на ФФМ во иднина.
Легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев кој ќе ја врши функцијата спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции изјави дека Омерагиќ е најдоброто решение за претседател на ФФМ.
„Масар Омерагиќ е најдоброто решение за претседателската фунцкија на ФФМ. Посакувам трпение и успех во патот напред за македонскиот фудбал“, изјави Пандев.
Уште една легенда ќе биде дел од тимот на Омерагиќ, Агим Ибраими кој ќе работи како советник на претседателот заедно со Илија Најдоски.
„Направивме вистински избор. Лидерството е за луѓе со визија и одлучност. Доаѓаат подобри денови за македонскиот фудбал“, изјави Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА