Андреас Трајковски ќе ја облекува Црвена звезда

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски и неговата компанија за спортска опрема „Џамперс ворлд“ потпиша партнерски договор со атлетискиот клуб Црвена звезда.

Атлетичарите на српскиот тим во следните две години ќе носат опрема креирана од македонскиот репрезентативец, кој пред извесно време ја промовираше својата компанија на светската сцена.

„Навистина сум среќен што мојата компанија ‘Џамперс ворлд’ потпиша двегодишно партнерство со атлетскиот клуб Црвена Ѕвезда. Оваа соработка е значаен чекор напред за нас, бидејќи ги здружуваме силите со еден од најпрестижните клубови во регионот, подржувајќи ги неговите атлетичари со опрема со премиум квалитет“, вели Трајковски.

Трајковски е национален рекордер во скок во далечина со 7,91 метри и ја претставуваше Македонија на изминатото Европско првенство во Рим.

Се вчитува...