Дејан Митровски – Урко повторно е избран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, откако ги доби мнозинството гласови на денешното Изборно Собрание на КМФМ кое се одржа во Скопје.
Делегатите на Собранието на КМФМ денеска избираа меѓу досегашниот прв човек Дејан Митровски – Урко и поранешениот истакнат македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев, при што на крајот мнозинството гласови повторно одлучи довербата да ја даде на Дејан Митровски кој успешно изминативе години ја водеше една од најуспешните домашни спортски федерации.
„Задоволство ми е што продолжуваме на патот кој го започнавме изминативе години. Успеавме максимално да ја заживееме федерацијата која оваа година има и шест номинации во изборот за најдобар спортист на Македонија. Сето тоа укажува дека добро работиме, па продолжуваме во ист стил за развој на нашиот спорт“ – истакна Митровски по реизборот за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА