Прекрасни вести доаѓаат од Минхен. Германската фудбалерка и член на Баерн Минхен, 23-годишната Марија Луиза Мала Грос, имаше успешна операција на туморот и би можела да се врати на терените следниот месец.
На голманката на Баерн и беше дијагностициран тумор во октомври кога ја сподели оваа информација во јавноста. Сега таа објави многу подобри вести.
„Драги мои, добри вести! По диво возење на тобоганот во дијагностика и долги денови на чекање, пред две недели бев оперирана. Прво, се добро функционираше, а второ, се помина успешно! Празниците можат да дојдат сега, одмор и релаксација ни е итно потребен на сите и тогаш повторно ќе бидеме заедно“, стои во објавата на Мала Грос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА