Слот незадоволен по победата со шест постигнати голови: Имавме среќа…

Ливерпул го прегази Тотенхем во дербито на 17. коло во Премиерлигата славејќи на гостински терен со преубедливи 3-6, но и покрај тоа стратегот на „црвените“ Арни Слот не беше задоволен од тоа што неговите фудбалери предвреме се опуштија.

Како што вели холандскиот стратег нивото на овие натпревари е превисоко за еден тим да се опушти пред крајот на последниот судиски свиреж.

„Првите 55-60 минути беа токму она што го посакувавме, освен оној примен гол. Водевме со 3-1 на полувремето, поведовме и со 5-1 и мислевме дека е доволно, но Тотенхем покажа дека има премногу квалитет и дека е способен и да создава шанси и да дава голови.

Треба да бидете на вашето ниво цели 90 минути, но ние не го направивме тоа. Во тие 20 минути решивме да не трчаме повеќе. Им дозволивме премногу простор и знаеја како да го искористат. За среќа не не чинеше премногу и единствената добра работа е што можеме да научиме од тоа“, Слот.

Се вчитува...