Анчелоти по блесокот на Мбапе: Понекогаш и јас сум во право

Килијан Мбапе, долгоочекуваното засилување на Реал Мадрид не се прикажа во најдоброто светло по неговото пристигнување на „Сантијаго Бернабеу“, но се чини дека конечно славниот шпански клуб ќе го добие најдоброто од Французинот судејќи по последниот натпревар против Севилја.

Дваесетишестгодишникот постигна гол и асистенција во последниот натпревар на Реал Мадрид па како негов најдобар фудбалер ги предводеше мадридјани со триумф. Неговиот блесок го најави тренерот Карло Анчелоти пред натпреварот велејќи дека периодот на адаптација е завршен, а по триумфот одново говореше за својата ѕвезда.

„Реков дека периодот на адаптација за Мбапе е завршен… Сега тој покажа дека понекогаш и јас сум во право“, изјави Анчелоти.

Мбапе оваа сезона во Ла Лига постигна десет голови и забележа две асистенции.

Се вчитува...