Атаман добива два нови кошаркари како замена за Матијас Лесор

Актуелниот евролигашки шампион Панатинаикос до крајот на сезоната нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите центри во Европа, Матијас Лесор.

Французинот заработи скршеница на левата нога и него го очекува долга пауза од најмалку четири месеци пред да може да се врати на тренинзите на атинскиот клуб. Грчкиот евролигаш е веќе во потрага по негова замена која се чини дека нема да биде еден, туку двајца нови кошаркари.

Високо на листата на желби на Ергин Атаман се наоѓа Венјен Габриел, репрезентативецот на Јужен Судан, во моментот кошаркар на Макаби Тел Авив кој покажа фантастични игри за својата репрезентација, а зад себе има и НБА искуство настапувајќи за тимови како ЛА Киперс, ЛА Лејкерс, Сакраменто, Њу Орлеанс…

Габриел е мета број еден на Панатинсикос, но се споменуваат и Мфионду Кебенгеле, кошаркарот на Венеција, Џејлен Хорд (Макаби) и поранешниот центар на Партизан, Бруно Кабокло (Хапоел).

Се вчитува...