Јувентус конечно стигна до победа во Серија А совладувајќи ја Монца, „фенерџијата“ во елитниот италијански фудбал со 1-2 во натпревар по кој тема на разговор одново е Душан Влаховиќ.
Српскиот репрезентативец беше заменет во 85. минута од средбата, а беше „уловен“ од камерите како беснее на клупата за резерви. Многумина сметаа дека станува збор за кавга помеѓу него и тренерот Тијаго Мота, но италијанските медиуми пренесуваат дека причината за незадоволството не е тренерот, туку судијата.
Влаховиќ сметал дека врз него не бил досуден очигледен пенал кој при резултат 1-2 би го решил прашањето за победник.
— Follow @calcionocontext (@calcio_noctxt) December 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА