📽️ Модриќ и соиграчите во Реал ја расплакаа шпанската легенда: „Вакво нешто да ти приредат ривалите…“

Легендата на Севилја и шпанскиот фудбал, Хесус Навас во поразот од Реал Мадрид го одигра својот 704-ти и последен натпревар за својот матичен клуб.

За Севилја настапуваше во два мандати, првиот од 2001 до 2013 година кога премина во Манчестер Сити, а во 2017 година се врати назад, за седум години подоцна да стави и крај на кариерата.

Навас за Севилја постигна 39 голови и забележа 119 асистенции, се закити со четири титули во Лига Европа и два пати се радуваше на трофејот во Купот на Шпанија. Се закити и со три златни медали за Шпанија, освојувајќи ги Светското првенство во 2010 година, како и Европското во 2012 и 2014 година.

На вчерашниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ доби и посебно одбележје, беше пречекан со шпалир од страна на фудбалерите од двата тима и доби громогласен аплауз од страна на преполниот стадион по што говореше емотивно.

„Ова беше спектакл. Никогаш не сум видел некој да добие ваков пречек на стадионот на ривал. Лудило“, започна Навас кој продолжи низ солзи. „Во последните неколку минути од натпреварот ништо не можев да видам. Само гледав во тереонот и се сеќавав на сите моменти кои ги доживеав, радостите кои им ги донесов на својата Севилја и својата репрезентација. Усреќив толку луѓе и мислам дека тоа е нешто фантастично.

Имаше многу моменти на голема радост. Заминувам така што луѓето ми говорат за тоа што сум го остварил… Секогаш бев ист. Тоа што ме донесе до тука, вредностите кои настојував да ги пренесам и во репрезентацијата. Мирен сум бидејќи по две тешки години во Севилја направивме транзиција, а сакав да бидам дел од неа“, изјави Навас.

Се вчитува...