Бове се враќа на „Артемио Франки“ првпат после колабирањето

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове се очекува денеска да присуствува на стадионот „Артемио Франки“ на натпреварот на неговиот тим против Удинезе во рамките од 17. коло во Серија „А“.

Ова ќе биде прво присуство на италијанскиот фудбалер да го следи натпреварот на својот тим, по колабирањето кое му се случи на почетокот на месец декември на дуелот против Интер.

Подоцна Бове беше опериран и му беше вграден дефибрилатор кој треба да спречи срцето да застане во вакви случаи. Бове беше отпуштен од болница и веќе ги посети своите соиграчи во базата, а сега за првпат ќе присуствува на еден натпревар на своите соиграчи.

Се вчитува...