Арсенал во јануари го добива „новиот Иниеста“ за 60 милиони евра

Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, Арсенал ги договорил првите јануарски засилувања. Станува збор за фудбалер на Лас Палмас кој игра навистина феноменално, а се вика Алберто Молеиро и сите го гледаат како новиот Андрес Иниеста.

Како што пренесуваат Англичаните, Арсенал ја активирал откупната клаузула за овој играч кој има 21 година и таа изнесува 60 милиони евра, а целата зделка ќе биде комплетирана во јануари.

Доаѓањето на Молеиро треба да биде големо засилување за Арсенал кога станува збор за напаѓачките опции.

Станува збор за фудбалер кој е производ на академијата на Лас Палмас, а претходно беше поврзуван со преселба во Ливерпул.

Се вчитува...