На отворањето на новиот ATG фитнес центар во Хром, сопствениците и ко-основначите Иван Трпчевски и Бојан Диков истакнаа дека ова е прва ATG сала од ваков тип во Европа. ATG помага на многу луѓе да надминат повреда, да вежбаат правилно и без бола, да изгубат килограми, да зголемат мускулна маса и сл.
ATG Macedonia отвори нов фитнес – центар во Хром, на улица „Воин Драшковиќ“ (кај автобуската постојка на последна 4-ка). Станува збор за поголем простор и современо опремен центар, кој овозможува задоволување на фитнес потребите на сите членови, рекреативци и спортисти.
На овој начин, ATG Macedonia отвора ново поглавје во своето работење. Новата сала го зголемува капацитетот за прием на нови членови, а го подобрува и квалитетот на вежбање за сите Вас. ATG тренерите остануваат 100% посветени кон реализацијата на Вашите цели, надминување на повреди, подобрување на перформанс, намалување на килограми, зголемување на мускулна маса и сл.
„Сега имаме еден посовремен центар, подобри просторни услови и уште поголема мотивација на целиот ТИМ да придонесе кон успешни тренажни процеси… Затоа што нема поголема награда за нас откако ќе прочитаме или дознаеме дека сме помогнале на некого, дека бабата полесно си игра со своето внуче, работникот го надминал проблемот со долгото седење пред компјутер и сл. Тие човечки реакции и приказни се најдобрата потврда за тоа што го работиме“, изјави пред сите присутни Бојан Диков, сопственик и еден од основачите на ATG Macedonia.
Важно е да се истакне дека освен основната дејност и работа, ATG Macedonia претставува и заедница на луѓе која учествува на многу спортски настани, организира хуманитарни и еко – активности и промовира здрави навики за младите и сите возрасни групи.
„Особено е важно е да сме активни, да сме фит и физички здрави, но на крајот на денот е најважно да сме квалитетни луѓе. А, во ATG Macedonia има многу ЛУЃЕ, многу ДОБРИ ЛУЃЕ. На крајот, сакам да го истакнам најважното. Ниту овој фитнес центар ниту било која активност немаше да биде возможна без нашиот ТИМ. Нашиот тим е срцето и душата на ATG“, истакна Иван Трчевски, сопственик и основач на ATG Macedonia.
Новиот фитнес центар има и значително повеќе простор за паркирање на возилата на членовите, а направени се и паркинг места за велосипеди. Сите заинтересирани лица можат да вежбаат ATG на две локации:
- Хром, ул. „Воин Драшковиќ“ (автобуска постојка на последна 4-ка);
- „Палестра“ фитнес центар во East Gate Mall.
Достапна е можноста и за ATG онлајн вежбање, каде што имате повеќе програми, кои ги изведувате под надзор и совет на ATG обучен тренер, а на локација која Вас ви одговара.
Посетете ја веб – страницата: https://atgmacedonia.com/ и заследете ги ATG на официјални профили:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА