Кристијан Грчевски ќе остане селектор на женската ракометна репрезентација и во наредниот период, откако овој стручњак ја доби довербата на Управниот Одбор на РФМ со добрите резултати што ги бележевме во изминатиот период.
Македонија по долга пауза успеа преку квалификации да обезбеди пласман на едно Европско првенство, каде стигнавме и до бод на дуелот со Турција, покрај поразите од фаворитите Шведска и Турција. Грчевски на денешниот состанок на Управниот одбор го образложи својот селекторски извештај, доби пофалби од членовите на УО, кои на предлог на претседателот Живко Мукаетов му дадоа нов договор на селекторот, со важност до летото 2026 година.
„Напредокот во нашата женска репрезентација е очигледен, можеби не се одвива во темпо какво што ние сите се надеваме и посакуваме, но најважно е што се движиме во вистински правец. Честитки до стручниот штаб и селекторот, кои покажаа дека добро работат и затоа моја предлог е тие да останат на чело на националниот тим до крајот на квалификациите за ЕП, во 2026 година“, изјави Мукаетов, чиј предлог беше едногласно прифатен од членовите на Управниот Одбор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА