Големиот талент на Барселона Ламин Јамал е многу блиску до продолжување на договорот со клубот. Актуелниот договор на 17-годишниот шпански репрезентативец истекува во летото 2026 година, но неговите претставници веќе подолго време преговараат со раководството за нов договор.
Многу наскоро истиот ќе биде продолжен до 2030 година. Секако, во него ќе има и значително зголемување на платата на играчот. Неговата ослободителна клаузула ќе биде 1 милијарда евра. Се очекува клубот да ја објави веста на почетокот на следната година.
Јамал во последно време имаше доста проблеми со повреди, а тој исто така моментално е надвор од теренот поради повреда на зглобот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА