Поранешната германска фудбалска легенда Филип Лам ја критикуваше одлуката на ФИФА да и додели организација на Саудиска Арабија за одржување на Светското првенство во 2034 година.
ФИФА и излезе во пресрет на Саудиска Арабија, променувајќи правила и правејќи исклучоци во долгогодишните правила. Па така кандидатурите за одржување на Светскотоп првенство во 2030 година во Португалија, Шпанија и Мароко и она во Саудиска Арабија во 2034 година беа гласани во „пакет“ што наиде на револт кај Германецот.
„Многу е важно големите натпреварувања да се одржуваат во демократски земји. Дури и во клупскиот фудбал одлуките се носат демократски, а тука имаме случај со кој не можеме да бидеме среќни. Лошо е да гласаме истовремено за доделување на СП во 2030 и 2034 година. Не можевте да гласате за едно, а против друго или обратно. Тоа ме тера да кажам дека нешто во процесот за избор не чини“, изјави Лам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА