Нов скандалозен потег на Џоел Ембид (ВИДЕО)

Џоел Ембид повторно беше повеќе штетен отколку корисен за својот тим, а имаше уште еден излив на гнев кон судиите. Овој пат на жена судија.

На крајот Филаделфија го совлада Сан Антонио Спарс со резултат 111-106, но Ембид беше исклучен поради ново дивеење.

Новопечениот американски центар не беше задоволен од судиската одлука за фаул во напад, па ја нападна жената судија. Тој и викаше, дури и се доближи, но на крајот соиграчите го разделија и го тргнаа од теренот, по што доби исклучувачка лична грешка.

Се вчитува...