Жоао Педро, тренерот кој го наследи Рубен Аморим во Спортинг, е на прагот да биде сменет поради лошите резултати и губењето на првото место во шампионатот на Португалија.
Излегува дека копачките на Рубен Аморим сепак се преголеми за Жоао Педро. Човекот кој го наследи тренерот кој на „лавовите“ им донесе две титули во последните три години се соочува со отказ само неколку недели по преземањето на функцијата.
Во моментот кога Аморим си замина од клупата на Спортинг, зелено-белите од Лисабон беа први на табелата со пет бода пред Бенфика и шест пред Порто. Сега „лавовите“ се втори со бод помалку од Бенфика и се изедначија со Порто.
Во Лигата на шампионите, Спортинг претрпе два порази, во Лисабон од Арсенал и на гостувањето кај Клуб Бриж. Под водство на Аморим, во првите четири кола, Спортинг имаше три победи и едно реми, вклучувајќи ја и победата над Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

