Шампионот од 2023 година, Денвер Нагетс се распрашува за Богдан Богдановиќ. Според Еван Сидери, новинар на „Форбс“ специјализиран за НБА лигата, Нагетс неодамна се распрашувале кај Атланта Хокс за достапноста на капитенот на српската репрезентација.
Неговиот однос со Никола Јокиќ може да биде клучен за остварување на овој трејд. Тоа е единствената конкретна информација што ја даде во врска со потенцијалниот трејд, Сидери, истакнувајќи дека Денвер продолжува да биде активен на пазарот и не ја исклучува опцијата за испраќање во спротивен правец на Мајкл Портер Џуниор.
Богдановиќ е под договор со тимот од Џорџија до сезоната 2026/27, а оваа сезона ќе заработи повеќе од 17 милиони долари. Во просек во 2024/25 година тој бележи 11,3 поени, 3,1 скока и 2,2 асистенции со 40,6 отсто шут од поле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА