Обрадовиќ распали по АБА лигата: Среќа па не значи ништо за Евролига!

Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Партизан со резултат 89-84 во натпреварот од 13. коло во АБА лигата.

Тренерот на црно-белите Жељко Обрадовиќ по мечот ги искажа своите впечатоци, но и распали против судиите во АБА лигата. .

„Луѓето кои ја водат таа организација се виновни за тоа. Среќа што ваква несериозна лига повеќе не оди во Евролига! Зошто овде сега има ограда, но не во Евролигата? Евролигата е сериозна, а ова е несериозно натпреварување Среќа што нема веќе проодност, да се потсетиме што се случуваше до сега, а играта не беше прекината, а тоа е прашање за лидерите на лигата“, заклучи Обрадовиќ.

Се вчитува...