Дибала донесе одлука – останува во Рома

Навивачите на Рома конечно имаат причина за задоволство, нивниот тим викендов ја декласираше екипата на Парма, меч што мина во знакот на Пауло Дибала.

Аргентинецот во последните денови беше поврзуван со заминување на „Олимпико“ и веќе доби неколку интересни понуди, но последните информации говорат дека Дибала донел конечна одлука за својата иднина – и ќе остане да ги брани боите на „римската волчица“.

Тој беше разочаран поради неподдршката од клубот додека тренер беше Јуриќ, но ситуацијата целосно се промени откако Клаудио Раниери седна на клупата на Рома. Искусниот стратег го промовираше Дибала во лидер на тимот, улога во која голгетерот одлично се снаоѓа, е среќен и затоа не планира да ги смени клупските бои во блиска иднина.

Според „Кориере дело спорт“, Дибала јасно ставил до знаење дека нема да си замине од Рома во јануари, но и дека сака да потпише нов договор со „волчицата“, па на потег е управата на клубот, да најде заеднички јазик и да го „врзе“ Аргентинецот за наредните неколку сезони.

Се вчитува...