На Нкунку му пукна филмот во Челси, агентот веќе го нуди на други клубови

Кристоф Нкунку е незадоволен од минималната минутажа што ја добива сезонава и веќе ја почнал потрагата по нов клуб, информираат медиумите од „островот“. Французинот во летото 2023 година пристигна од Лајпциг, но серијата повреди го спречија да остави посериозен печат врз тимот на Маурицио Покетино.

Нкунку во меѓувреме целосно се рехабилитираше и влезе во топ-форма, играш одлично во подготвителниот период, но штом почна сезоната тој остана втора опција во нападот, греејќи ја клупата зад Николас Џексон кој останува прва опција на тренерот Мареска. Французинот добиваше шанса во лига-купот и постигна неколку значајни голови за „сините“, но фактот дека минутажата во Премиер-лигата му е сведена на минимум го право Нкунку крајно незадоволен од статусот во лондонскиот клуб.

Неговиот агент веќе почнал да го нуди Нкунку на клубови ширум Европа, прва на листата била Барселона, но каталонците и покрај интересот за овој фудбалер се откажале бидејќи поради финансиски проблеми не можат да ги регистрираат играчите дведени минатото лето, камоли да ангажираат нови во јануари 2025. Како сериозна опција се споменува ПСЖ откако „светците“ објавија дека се во потрага по нов голгетер, но и Јувентус, ако се знае дека „старата дама“ планира да се раздели од Влаховиќ и интензивно трага по ас кој би бил нов лидер на нападот.

Се вчитува...