Телото на летонскиот кошаркарски репрезентативец Јанис Тима, кој си го одзеде животот во Москва зачудувачки останува во мртовечница и седум дена по трагедијата.
Според руските медиуми, семејството на Тима засега не покажало интерес за решавање на ова прашање, а причините се поврзани со бирократски и лични пречки. Никој не сака да преземе акција за пренесување на телото во Летонија. Сето тоа дополнително е отежнато и поради фактот дека не може да се пронајде неговиот пасош, неопходен за транспорт. Ниту еден член на семејството не сака да преземе одговорност додека не се решат овие административни проблеми.
Познато е дека семејството на поранешниот евролигашки кошарка избегнува директен контакт со поранешната сопруга на Тима, пејачката Ана Седокова, со која тој наводно бил во конфликт пред трагичниот настан. Па, поради тоа и седум дена по неговата смрт нема ниту една страна заинтересирана да го организира погребот на еден од најдобрите летонски кошаркари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА