Шпанските медиуми денеска пренесуваат информација за можен трансфер во следните десет дена на еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Според пишувањата, Модриќ наредните десет дена би можел да потпише за екипата на Севилја. Согласно најавите Хрватот за Севилја би потпишал од 1. јануари. Како сезонава му е намалена платата во Реал Мадрид, наводно Севилја сега му нуди сосема идентична плата.
Хрватскиот репрезентативец побарал неколку денови за размислување со оглед на тоа што неговите првични планови беа останување во Реал Мадрид и продолжување на договорот за уште една сезона, до јануари 2026 година.
Познато е дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти, го користи Модриќ единствено како ротација. Со оглед на годините фудбалери, без сомнение, така ќе биде и во пролетниот дел од сезоната ако остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА