Поранешниот француски репрезентативец Николас Батум ги напушти редовите на Асвел Вилербан каде седум години беше акционер и директор на кошаркарските операции во клубот.
Батум претходно инвестираше и во два свои поранешни клуба, Кан и Ле Ман, каде беше и советник, но излезе и од тие проекти.
Како што наведуваат дел од француските медиуми, Батум одлучил да се дистанцира од Асвел затоа што претседателот на клубт, Тони Паркер одлучил како партнери во клубот да ги вклучи компаниите „Смарт“ и „Федком“.
Паркер, во моментов, е и на суд поради обвиненија за прекорачување на својата моќ, но нема попрецизни детали околу тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА