Баерн Минхен е подготвен да плати 70 милиони евра за крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Баварците сакаат ангажман на шпанскиот репрезентативец во јуни 2025 година.
22-годишниот Вилијамс има договор со клубот од Билбао до јуни 2027 година, но Атлетик е подготвен да го ослободи во јуни 2025 за сума од 70 милиони евра.
Нико Вилијамс, кој беше еден од клучните играчи за титулата на Шпанија на ЕВРО 2024, минатото лето беше поврзуван и со Барселона, но одлучи да остане во редовите на баскискиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА