Во желбата за создавање квалитетен и конкурентен тим и за следните сезони, РК Вардар се договори со украинскиот интернационалец Дмитро Горига за продолжување на соработката за уште една сезона, до крајот на натпреварувачката 2025/2026.
Брзо дојде до договор за останување на Горига во Скопје, бидејќи и двете страни беа задоволни од меѓусебната соработка, иако Горига е дел од тимот само неколку месеци. Сезонава покажа дека неговиот ангажман е вистински погодок и во многу ситуации ги потврди своите голгетерски способности.
„Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да помогнат, и на ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет. Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина“ – вели Андрија Нунев, оперативниот директор на РК Вардар 1961.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА