Екипата на Барселона се соочува со дополнителни проблеми во финишот од годината откако по мечот со Атлетико Мадрид остана и без услугите на Феран Торес.
Торес заработи повреда на мускулот, па според најавите го очекува пауза од најмалку две недели.
„Феран Торес заработи повреда за која е потребна магнетна резонанса за да се открие тежината на истата. Не се работи за нешто сериозно, но ќе треба извесен период тој да закрепне“ – се вели во официјалното соопштение на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА