„Шампионски пехар“ за општините Аеродром и Ѓорче Петров за унапредување и развој на спортот

Претседателот на МОК, Даниел Димевски им врачи “Шампионски пехар” на градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески и претставникот од Општина Ѓорче Петров за унапредување на спортот во основните училишта, места каде што се прават првите чекори на сите идни врвни спортисти.

Над 550 ученици од основните училишта од општините Аеродром и Ѓорче Петров се натпреваруваа во повеќе спортови на голем број полигони водени од врвните професори кои што ги имаат овие две општини.

Иницијативата организирана од Македонскиот Олимписки комитет, не само што ја поттикнува физичката активност, туку и го развива спортскиот дух и тимската игра кај нашите најмлади.

„Општините Аеродром и Ѓорче Петров продолжуваат да бидат најспортски општини вложувајќи во иднината на најмладите. Спортот е од огромна важност за нивниот физички, психички и емоционален развој“, велат од МОК.

Се вчитува...