Поранешниот фудбалер на Челси и екс бразилски репрезентативец, Оскар, после 14 години се врати во Сао Пауло. Токму Сао Пауло е првиот клуб на Оскар во неговата професионална кариера, откако настапуваше и за младинските селекции на оваа екипа.
Оскар после Сао Пауло настапуваше за Инернасионал, од каде замина во Премиерлигата, во Челси каде што остави траен белег. Изненадувачки беше неговото заминување на само 26-годишна возраст во Кина, во тимот на Шангаи, каде што беше цели седум години.
Оскар беше стандарден и во репрезентацијата на Бразил, за која во пет години одигра 48 натпревари и постигна 12 голови. Сепак, неговиот последен настап беше пред осум години, односно пред да замине во Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА