Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Ерлинг Халанд не е единствениот играч кој е одговорен за лошите резултати на тимот.
Сити ја направи една од најлошите резултати во поновата клупска историја, кога по поразот од Астон Вила во саботата (2:1) го претрпе деветтиот пораз во последните 12 натпревари во сите натпреварувања.
Норвешкиот напаѓач има само еден постигнат гол на последните шест натпревари.
„Проблемот доаѓа од сите нас, не од еден играч. Кога дававме голови во минатото, а Ерлинг беше стрелец, тоа беше и благодарение на тимот. А кога имате проблеми во одбраната, во средината, тоа се проблеми за сите, тоа е тимска работа, а не работа на еден играч. Би било премногу лесно ако само еден играч е одговорен“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА