Скандалозната одлука го одбележа дуелот од холандското првенство помеѓу РКЦ Валвијк и Цволе. Се се случи во 90. минута од натпреварот кога играчот на Цволе, Ник Фихтингер ја затресе противничката мрежа, но на крајот голот беше поништен.
На голот му претходеше кратко додавање од корнер, а најпрвин голот беше признаен, но потоа судијата на натпреварот по консултација со ВАР собата го поништи голот поради наводен офсајд.
Но подоцна беше утврдено дека нема недозволена позиција, па судијата направи очигледна грешка. Мечот заврши 1-1.
PEC komt vlak voor tijd op voorsprong, maar het doelpunt wordt onterecht afgekeurd. 😳
ℹ️ Bij het nemen van een corner kan een speler niet buitenspel staan. #rkcpec
— ESPN NL (@ESPNnl) December 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА