Фудбалскиот тренер на Чесли, Енцо Марсека се уште тврди дека тимот не е во трка за титулата и дека не сака да зборува на таа тема.
Неодамна италијанскиот стратег зборуваше за конкурентноста на „сините“ оваа сезона во Премиер-лигата со оглед на тоа што бележат одлични резултати по неколку разочарувачки години. Тогаш рече дека Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити се подобри екипи.
„Не сме во трка за титулата и не се работи за притисок врз играчите, клубот или мене. За мене тоа е реалноста. Ние сме над сите очекувања во однос на тоа како играме и бројот на бодови. Се надевам дека еден ден ќе го почувствуваме притисокот од борбата за титулата“, изјави Марсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА