Со оглед дека оваа сезона добива само скромна минутажа, португалскиот интернационалец во дресот на Челси Жоао Феликс, би можел да ја смени средината уште во јануарскиот преоден рок.
Од Португалија доаѓаат информации дека Феликс нема индикации дека ќе може да се бори за стартната позиција кај Енцо Мареска. Кол Палмер е незаменлив зад напаѓачите, Мадуека, Нето и Санчо ротираат на крилата и прилично е очигледно дека Жоао Феликс не е ниту план Б.
Португалските медиуми тврдат дека сака да го искористи неговиот поранешен клуб Бенфика! Се работи за позајмица до крајот на сезоната, но не е познато дали Челси ќе се одлучи да преговара.
Се ќе зависи од самиот Феликс, кој ќе го има последниот зобр за заминувањето. Португалскиот офанзивен играч сезонава одигра 16 меча и посетигна пет гола, но најеголемиот проблем е што минутите и головите ги забележа во Лигата на Конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА