Поранешниот голман на Јувентус и Италија, Џанлуиџи Буфон зборуваше за актуелниот тренер на Јуве, Тиаго Мота и исто така ги критикуваше луѓето што го споредуваат со поранешниот клупски шеф Масимилијано Алегри.
Легендарниот чувар на мрежата истакна дека има целосна доверба во Мота дека ќе го врати Јувентус на старите шампионски патеки.
„Имам голема почит кон Тиаго Мота и имам целосна доверба во она што тој го гради. Кога ќе се вклучите толку длабоко во некој процес, ви треба време. Мота е педантен тренер, подготвен и навикнат да работи на одредено ниво. Не треба да го споредуваме со Алегри, и тоа е ирелевантно. Алегри освои многу, Мота штотуку почнува“, рече Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА