Баерн Минхен е заинтересиран за крилниот фудбалер на Атлетик Билбао, Нико Вилиајмс, кој имаше одлични настапи ова лето и со Шпанија стана европски првак.
„Баварците“ ќе се обидат да го привлечат крилниот фудбалер по завршувањето на сезоната, а за евентуален трансфер ќе зависи и од продолжување на договорите со Гнабри, Сане и Коман.
Вилијамс оваа сезона одигра 23 меча за Билбао, и постигна два гола и запиша пет асистенции. Неговиот договор е до 2027 година.
Барселона е силно заинтересирана за овој играч, но поради финансиските проблеми, се чини дека тој нема да се пресели во Каталонија во скоро време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА