Ја почна сезоната во мак-баскетот, викендов блесна во најсилната лига во Европа

Младите американски кошаркари често се двоумат да дојдат во Европа, особено во помалите, неатрактивни лиги, плашејќи се да не се заглават во нив бидејќи никој нема да има шанса да ги види.

Сепак, тоа не е случај со со Дае Дае Грент кој во септември потпиша за македонскиот тим Феникс. Никој дотогаш не претпоставуваше дека еден ден овој кошаркар ќе блесне во една од најсилните првенства, за само неколку месеци.

После неколку месеци Американецот се пресели во Раднички Крагуевац во Србија, а потоа во четвртокот доби повик кој го смени неговиот тек на кариерата. Веќе во петокот одлетал во Шпанија, и во саботата го одигра својот прв натпревар во насилната европска лига, шпанската АЦБ лига. Постигна 17 поени и беше јунак на неверојатно важната победа на својот нов тим Бреоган Луг.

Бреоган ја победи Жирона со 77-74 во клучен меч во битката за опстанок.

Се вчитува...