Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ се уште е тема на разговор за италијанската фудбалска јавност, но не поради раскошните голгетерски способности, туку поради скандалозното и бесно однесување.
Голгетерот кој пред недела дена влезе во конфликт со најверните навивачи на Јувентус, беснееше на клупата откако беше заменет во 85. минута од средбата против Монца. Неговото однесување го прокоментира и легендарниот тренер Фабио Капело.
„Се надевам дека Влаховиќ е лут сам на себе, а не на Мота. Не го разбирам неговото однесување. Тоа покажува недостаток на почит спрема тренерот и соиграчот кој го заменил на теренот. Душан веројатно беше нервозен бидејќи не постигна гол, но во ред е. Јувентус ја победи Монца, но тој не беше уверлив на теренот“, изјави Капело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА