Долги години „Градски Парк“ важеше за спортски храм, но за жал повеќе од една деценија оваа арена не ги исполнуваше ниту најосновните предуслови за одигрување на спортски настани.
Конечно, на агонијата и руинирањето на „Градски парк“ ќе дојде крајот, откако стартуваше целосната реконструкцијата на салата во која КК Работнички се радуваше на бројни трофеи. Општина Центар и Градоначалникот Горан Герасимовски денеска на прес-конференција во самата арена информираа за стартот на активностите, со надеж дека овој спортски инфраструктурен објект наскоро ќе биде ставен во функција.
„Салата ќе биде модернизирана и целосно прилагодена за тренинзи и врвни спортски настани. КК „Работнички“ заслужува вистински дом, а со оваа реконструкција Општина Центар тоа ќе го обезбеди за својот најтрофеен клуб, отворајќи нови можности за успеси и давајќи поттик за понатамошен развој и подем на македонскиот спорт“, – порача градоначалникот на Оштина Центар, Горан Герасимовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА